Српскиот напаѓачот Душан Влаховиќ наскоро ќе ја напушти Фиорентина, а интерес постои од многу европски гиганти меѓу кои е и Арсенал, кој сака да плати 80 милиони евра.
Фиорентина нема проблем да го продаде Влаховиќ, но менаџерот на Србинот не е заинтересиран за Арсенал и наводно не се јавувал на телефон кога му ѕвонеле од лондонскиот гигант.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Влаховиќ привлече интерес и од Јувентус, Борусија Дортмунд, ПСЖ и други тимови, а има договор со Фиорентина до 2023 година, а сериозен кандидат за неговиот потпис е „Старата дама“.
Србинот сезонава игра во одлична форма и постигна осум погодоци на 11 натпревари во италијанската Серија А.