Дома Останати Мексикански боксер го потпиша најголемиот договор во историјата на спортот!

Мексикански боксер го потпиша најголемиот договор во историјата на спортот!

canelo alvarez

Од поодамна е познато дека во боксот се вртат огромни суми, но со сигурност ќе ве изненади најновата информација која ни пристигнува од Мексико.

Мексиканецот Саул Алварез (Канело) успеа да го договори најголемиот договор кој некогаш го добил еден спортист – да, поголем договор од Леброн, Нејмар, Роналдо, Меси и останатите спортски ѕвезди кои се многу повеќе познати.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Алварез со сервисот за преност „ДАЗН“ потпишал договор за астрономска сума од – 356 милиони долари!

Талентираниот боксер со ТВ куќата се договорил за таа сума да одработи 11 борби во период од пет години.

Претходниот рекорд кој беше актуелен од 2014 година го држеше бејзбол играчот Џанкарлу Сантон со сума од 325 милиони долари, со истата медиумска платформа која е специјализирана за боречки спортови.

Алаварез во својата кариера во која има 53 борби има учинок од 50 победи, две реми, а единствениот проаз го има од непоразениот во овој спорт Флојд Мејведер. Првата борба Алварез со ваквиот договор ќе ја има на 15 декември против Роки Фелдинг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Пандев од ВИП ложата во Милано го следеше натпреварот помеѓу Интер и Звезда 🎥

Maкедонската фудбалска легенда, Горан Пандев откако беше присутен и на „Етихад“ против Ман…