Дома Топ вести Медиумите по потписот го потсетија Ракитиќ на изјава до 2006 година

Медиумите по потписот го потсетија Ракитиќ на изјава до 2006 година

Хрватскиот ветеран Иван Ракитиќ и официјално беше претставен како нов фудбалер на Хајдук од Сплит.

Голема беше желбата на Ракитиќ да се врати во татковината и да го облече дресот на Хајдук, но медиумите потсетија на негова изјава од 2006 година.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Во изјавата Ракитиќ зборува дека е голем навивач на Динамо и дека сонува да заигра за „модрите“.

„Секако дека би сакал да заиграм за Динамо. Од детството сонувам за такво нешто, сите во моето семејство навиваат за Динамо. Минатото лето ми беше чест да играм против нив“, изјави Ракитиќ.

Но, за да го облече дресот на Хајдук, Ракитиќ се откажа од вистинско богатство. Во Ал Шабаб имаше договор со кој заработуваше 15 милиони евра по сезона, додека во Сплит ќе заработува 600.000 евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Осимен се сели во Премиер лигата

Виктор Осимен би можел да се пресели во Премиер лигата и да го засили Манчестер Јунајтед, …