Дома Фудбал Ракитиќ му се закани на Модриќ: Ако го направиш тоа ќе си имаш работа со мене

Ракитиќ му се закани на Модриќ: Ако го направиш тоа ќе си имаш работа со мене

Се уште не е познато каде ќе игра Лука Модриќ следната сезона, но неговиот сонародник Иван Ракитиќ сега на шега му се „закани“.

Ракитиќ од Севиља зимава се пресели во Саудиска Арабија каде настапува за Ал Шабаб. Модриќ има договор со Реал Мадрид до крајот на сезоната, и засега не се знае каде ќе игра следната сезона.

„Ако дојде во Саудиска Арабија и не потпише за Ал Шабаб, ќе има проблеми со мене“, изјави Ракитиќ за „Arab News “ и продолжи:

„Би било одлично ако ја избере Саудиска Арабија. Ќе се обидам да го убедам да дојде во Ал Шабаб, ако сака ќе му ги дадам сите потребни информации“, додаде Ракитиќ.

Сепак, засега не е исклучена можноста Модриќ и да остане во Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ескас пак ќе им суди на Италија и Белгија: Во Рим покажа црвен по ВАР-преглед

Норвежанецот Еспен Ескас е делегиран за дуелот во Брисел, каде на Италија ѝ е доволен бод …