Капитенот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер добил понуда од неколку клубови да ја продолжи кариерата во италијанската Серија А, пренесува „Дејли Мирор“:
Мегваер подолго време е незадоволен од улогата во екипата, но е свесен дека не се вклопува во концептот на играта на Тен Хаг. Британските медиуми пренесуваат дека Милан, Јувентус, Интер и Рома се заинтересирани за англискиот репрезентативец.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Според најавите Мегваер би можел да се пресели на едногодишна позајмица.
Во Манчестер Јунајтед Мегваер пристигна во 2019 година од Лестер, а претходно играше за Виган, Хал и Шефилд. Сезонава настапи на 31 натпревар за „црвените ѓаволи“ во сите натпреварувања, но во главно влегуваше од клупата.