Maнчестер Јунајтед вчера го елиминираше Реал Сосиедад со вкупни 5:1 и се пласираше во четвртфиналето од Лигата на Европа.
На вчерашниот реванш стартер за Јунајтед беше Хари Мегваер кој често добива критики од јавноста.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Сепак, тој се уште е капитен на Јунајтед и смета дека е важен стандарден репрезентативец.
„Јас сум многу важен за Манчестер Јунајтед, имам важна улога во клубот, како на теренот така и надвор од него. Секој ден се обидувам да го водам Манчестер Јунајтед до успех, без разлика дали играм или не“, истакна англискиот дефанзивец.
Ждребот за четвртфиналето во Лигата на Европа е денеска од од 13:00 часот, веднаш по извлекувањето на паровите за Лигата на шампионите.