Moхамед Хени е познат инфлуенсер и јутубер кој помеѓу другото е и добар пријател со Карим Бензема.
Хени на својот „Јутуб“ канал објави дека Килијан Мбапе ќе потпише договор со Реал Мадрид, а тврди дека информациите ја добил од доверлив извор. Со оглед на неговото пријателство со Бензема многумина веруваат дека има вистина и дека токму напаѓачот на Реал Мадрид е изворот на информацијата.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Според неговите зборови Мбапе ќе премине во Реал Мадрид во последните неколку недели од август, односно во финишот од преодниот рок во Франција и Шпанија.
За трансферот на Мбапе се шпекулира веќе подолго време, тој во овој момент има договор со ПСЖ до летото 2022 година и се уште не го обновил, наводно е спремен да замине.
Останува да го почекаме крајот на преодниот рок и да видиме дали овие најави ќе се остварат.