Дома Фудбал Лига на шампиони Мбапе: Финале ПСЖ – Јуве во ЛШ? Потпишувам веднаш!

Мбапе: Финале ПСЖ – Јуве во ЛШ? Потпишувам веднаш!

Ѕвездата на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе изјави дека неговиот тим паднал во тешка група во Лигата на шампионите.

Сепак, целта на „светците“ оваа сезона е да го освојат најпрестижниот пехар, а Мбапе „потпишува“ за финале со Јувентус.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Имаме тешка група, но тоа е нормално за Лигата на Шампионите, бидејќи тоа е главниот турнир во Европа. Натпреварот против Наполи ќе биде тежок. Тимот на Анчелоти покажува добар фудбал со јасна филозофија и висок пресинг. Имам еден непријатен спомен поврзан со него – во 2016 година загубивме со Монако со 0:5 во пријателски натпревар“, истакна Мбапе.

„Финале Пари Сен Жермен – Јувентус? Потпишувам веднаш. Кристиано Роналдо е голем предизвик. Тој ќе го изведе италијанскиот фудбал повторно во преден план. Во последните години Серија А загуби малку престиж. Со Роналдо, луѓето повторно се заинтересирани за неа“, заклучи Французинот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Кавани се сели во Кипар

Шампионот на Кипар, Пафос испратил понуда до Единсон Кавани и се во сериозни преговори со …