Дома Топ вести Мбапе самиот потврди – го убедувал соиграчот до репрезентацијата дојде во ПСЖ!

Мбапе самиот потврди – го убедувал соиграчот до репрезентацијата дојде во ПСЖ!

Селекцијата на Франција на Светското првенство во Русија успеа да стигне до титулата.

Еден од најважните играчи на Франција на овој Мундијалот беше играчот од средниот ред, Нголо Канте кој во последно се поврзува со ПСЖ.

Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


Напаѓачот на овој клуб и француски репрезентативец, Килијан Мбапе потврди дека во текот на Мундијалот разговорал со Канте за можноста да му се придружи во Париз.

„Навистина, претседателот се консултираше со мене. Разговарав и со Канте во текот на Светското првенство, сепак не претерував бидејќи знам како кога вас ве напаѓаат од сите страни за вашата иднина. На крајот му оставив неколку пораки во неговиот џеб кои тој ги прочита кога стигна во својот дом“, откри Мбапе.

После одличниот настап и четирите постигнати голови на Светското првенство, Мбапе започна да се споменува како еден од кандидатите за Златната топка, а младиот фудбалер и самиот се смета за еден од кандидатите.

„Кога се во прашање фаворитите, ќе кажам дека тука се Роналдо, Модриќ, Варан…и јас“, порача Мбапе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Агрегаторите да ги почитуваат авторските права на интернет порталите, преземањето на содржините како до сега е неприфатливо

Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа…