Килијан Мбапе и ПСЖ постигнаа договор за продолжување на договорот пред неколку дена, по неколку месеци во кои француската ѕвезда преговараше со неколку клубови.
Откако Реал Мадрид и ПСЖ се бореа до последeн момент за потписот на Мбапе, фудбалерот откри дека за неговите услуги бил заинтересиран и Ливерпул. Французинот призна и дека започнал разговори со „црвените“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
“Не знам зошто. Разговарав со Ливерпул бидејќи црвената е омилена боја на мајка ми, а мајка ми го сака Ливерпул. Зошто? Не знам, прашајте ја нејзе. Се запознавме пред неколку години кога бев во Монако, станува збор за одличен клуб. Сега водевме разговори, но не многу. На крајот одлуката беше помеѓу Реал Мадрид и ПСЖ“, изјави Мбапе за „Марка“.
Неодамна за Мбапе зборуваше и Јирген Клоп кој призна дека Ливерпул во овој момент не може да си го дозволи одличниот голгетер.
„Секако дека сме заинтересирани за Мбапе, не сме слепи! Но, ние не сме дел од трката за неговиот потпис. Не можеме финансиски да им парираме на конкурентите во овој момент“, гласеше изјавата на Клоп.
Ќе потсетиме на Мбапе договорот со ПСЖ му истекуваше на крајот од сезоната, а новиот има важност до 2025 година.