Дома Фудбал Франција Мбапе: Парите не беа пресудни да останам во ПСЖ, каде и да играм ќе заработам

Мбапе: Парите не беа пресудни да останам во ПСЖ, каде и да играм ќе заработам

Францускиот напаѓач Килијан Мбапе на средината на мај реши да остане во ПСЖ, иако постоеше голем интерес од Реал Мадрид, а претседателот Флорентино Перез наводно и лично разговарач со играчот.

Напаѓачот реши да остане во Париз и потпиша договор до 2025 година, со плата од еден милион евра неделно, а за бонус за потпис на соработката доби 100 милиони евра.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Мбапе даде интервју за „Њујорк Тајмс“ во кое зборуваше за различни теми, а една од нив е дали парите биле пресудни да остане во Париз.

„Не беа пресудни затоа што каде и да добро ќе заработам“, кажа Мбапе.

Французинот потврди и дека во преговорите бил вклучен и претседателот на државата, Емануел Макрон, а на крај даде коментар и за Реал.

„Сонот за Реал Мадрид? Никогаш не се знае што ќе се случи во иднина“, кажа Мбапе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Франција

Проверете

Водач на албанските ултраси: Го бојкотиравме натпреварот против Србија затоа што сакаа да нè поткупат

Албанија и Србија одиграа без голови во квалификациите за СП, но натпреварот во Тирана е г…