Килијан Мбапе за точно еден месец ќе наполни 20 години и важи за еден најголем талент во светскиот фудбал, па поради тоа привлекува огромно внимание од медиумите.
Новинарите сега ги интересираше дали планетарната ѕвезда се смета самиот себе за најдобар во клубот и во репрезентацијата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Дали сум ист играч во репрезентацијата и клубот? Тоа не може така да се гледа, бидејќи клубот е друга приказна. Конкретно во ПСЖ постои фудбалер кој е на повисоко ниво од сите останати. Тоа е Нејмар, тој е наш најдобар играч. Во репрезентацијата сите сме на исто ниво“, изјави Мбапе кој во поразот на Франција во Лигата на нации во Ротердам ги одигра сите 90 минути.
„Кога во прашање се моите планови, сакам да ја освојам Лигата на шампионите и сите трофеи во Франција. Да останам здрав и да станам европски шампион со репрезентацијата за две години. Победи, победи и победи, е всушност она што го сакам“, заврши младиот ас на Французите и ПСЖ.