Дома Фудбал Останато Мбапе најави заминување од Пари Сен Жермен!

Мбапе најави заминување од Пари Сен Жермен!

Кијален Мбапе беше прогласен за најдобар играч во Лига 1 за минатата сезона.

Играчот на Пари Сен Жермен оваа награда ја освои без конкуренција и изгледа би можел да го направи наредниот чекор во својата кариера и да премине во некоја друга посилна лига.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Веќе долго се пишуваше дека 20 годишниот Французин ќе го напушти Пари Сен Жермен, Реал Мадрид сака да го доведе со сите сили.

Гласините за заминување на Мбапе ќе бидат уште посилни после вчерашната негова изјава на церемонијата на доделување на наградите за најдобрите во Лига 1.

„Мислам дека доаѓам до првата или втората прсвртница во мојата кариера. Можеби е време да добијам поголем одговорност, тоа би можело да биде во ПСЖ или можеби некаде на друго место со нов проект“, гласеше изјавата на Мбапе која сигурно ќе биде причина некои од европските гиганти да тропнат на вратата на ПСЖ и да се распрашуваат за Мбапе.

Потоа Мбапе продолжи:

„Ова беше моја четврта сезона во оваа лига и имав многу возбудливи искуства. Прво бев во Монако и успеавме да ја освоиме титулата, а потоа се придружив на целосно друг проект во Париз каде што успеав да се прилагодам од првата година. Имав некои разочарувања, но и тие се дел од фудбалот“, порача младиот фудбалер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Вакво нешто не се памети: Неверојатна грешка на докторите – кариерата на Мбапе висела на „конец“

Незаборавен скандал го потресе Мадрид. Кариерата на Килијан Мбапе можеше да заврши во миг …