Францускиот весник „Ла Парисиен“, објавува за инцидент пред мечот меѓу ПСЖ и Тулуз кој за Мбапе беше последен на „Паркот на принцовите“.
Претседателот на ПСЖ, Насер Ал Келаифи бил бесен затоа што Мбапе не го информирал за прошталното видео кое го објави.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Мбапе ниту еднаш не го спомена претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи, во видеото, иако им се заблагодари на сите поединечно. Од претходно е познато дека тие воопшто не комуницираа откако Мбапе се одлучи да не го продолжи договорот со ПСЖ.
Нивната средба брзо се претворила во жестока кавга меѓу двајцата, а очевидци тврдат дека од нивното викање „се треселе ѕидовите“ во зградата.