Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе изјави дека нема проблем со тренерот на клубот од Париз, Луис Енрике, пренесува „Би-Би-Си“.
ПСЖ вчера славеше на гости против Реал Сосиедад со 1:2 во рамките од реванш натпреварот во осминафиналето од Лигата на шампионите и така обезбеди место во четвртфиналето.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Два гола на овој натпревар постигна Килијан Мбапе кој првпат одигра 90 минути од 14-ти февруари. Многумина помалата минутажа на Мбапе ја поврзуваа со неговото заминвуање во Реал Мадрид.
„Секогаш сакам да играм во Лигата на шампионите, тоа е важно натпреварување. Никогаш не би можел да бидам играч кој се крие. Мојот однос со него е добар. Нема проблеми, иако луѓето мислам дека ги има. Имам многу проблеми, но тренерот не е еден од нив“, изјави Мбапе.
Сезонава Мбапе одигра 34 натпревари и постигна 34 гола за ПСЖ.