Напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе смета дека знае што им е потребно на „светците“ за да стигнат до титулата во Лигата на шампионите.
Талентираниот фудбалер на ПСЖ изјави дека би сакал во својот тим да го има сонародникот Н’Голо Канте.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Очекувањата се ПСЖ да направи големи промени во играчкиот кадар, додека промената на тренерското столче неодамна беше потврдена. Се бара наследник на Унаи Емери кој си заминува поради раната елиминација во Лигата на шампионите.
Килијан Мбапе смета дека успех во најелитното европско натпреварување им е потребен Канте.
„Ако гледаме што ни е потребно за големи резултати тогаш тоа е да го доведеме Канте. Мислам дека се работи за топ фудбалер кој одлично би се вклопил во нашиот тим. Французин е, а на Франзуците секогаш вратата им е отворена во татковината, тоа е добро за атрактивноста на нашата лига. Канте го обожаваат тука би сакал да го видам со мене во тимот“, изјави Мбапе.
Да потсетиме, Н’Голо Канте во Франција го носеше дресот на Каен од каде што за девет милиони евра во 2015 година премина во редовите на Лестер.