Францускиот напаѓач Килијан Мбапе е последного големо име кој го промени клубот ова лето.
За неговата судбина се зборуваше долго време, а ПСЖ на крајот ја доби битката против Реал Мадрид, Барселона, Арсенал и останатите големи европски гиганти со доведувањето на овој напаѓач во своите редови. Се разбира, тој во моментов е само на позајмица во Париз, но на крајот од сезоната ПСЖ ќе мора да го откупи неговиот договор за 180 милиони евра. Ова е направено поради фактот дека ПСЖ има проблем со финансискиот фер плеј доколку ова лето би платиле дополнителни 180 милиони.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Одличниот напаѓач и сигурно големата ѕвезда во европскиот и светскиот фудбал го одбра бројот во новиот клуб. Мбапе во следната сезона ќе го носи дресот со број 29 што е очекувано со оглед на тоа што тој број го носеше и минатата сезона во Монако. Секако, оваа сезона Монако му го даде бројот 10, но со оглед на тоа што во ПСЖ тој број е во добри познати раце, Мбапе на крајот се одлучи за стариот број.
Потсетуваме дека тој пред неколку дена одигра уште еден натпревар за репрезентацијата на Франција и се запиша во листата на стрелци и тоа против Холандија на домашен терен.