Дома Фудбал Останато Мбапе ги постави условите за продолжување на договорот

Мбапе ги постави условите за продолжување на договорот

Младата ѕвезда на Пари Сент Жермен ќе се согласи да го продолжи договорот со „светците“, само ако во него биде ставена откупна клаузула, пренесува „АС“.

Мбапе сака во договорот да има поставено конкретна сума за која може да биде откупен и не крие дека е поласкан од интересот на Реал Мадрид и дека сака еден ден да се пресели на „Сантиаго Бернабеу“.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Во моментов договорот на Мбапе истекува во 2022 година и двете страни веќе подолго време се во преговори за продолжување на истиот.

ПСЖ е спремен да му понуди рекордна плата од 50 милиони евра по сезона, но не сака во договорот да има откупна клаузула, или пак се согласува доколку таа биде „астрономска“.

ПСЖ не сака да слушне за негова продажба, но и не се брза, бидејќи Мбапе дури следното лето ќе влезе во последната година од договорот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Изненадување: Интер ја следи ситуацијата околу Онана

Раководството на Интер внимателно го следи развојот на ситуацијата со голманот на Манчесте…