Дома Фудбал Останато Мбапе ги помина прегледите, наскоро и официјално „светец“

Мбапе ги помина прегледите, наскоро и официјално „светец“

Француската тинејџерска сензација, Килијан Мбапе денес успешно ги помина медицинските прегледи, па се очекува во секој момент и официјално да стане играч на Пари Сент Жермен.

Според француските медиуми лекарските прегледи биле извршени во Клерфонтен, каде Мбапе се наоѓа со француската репрезентација.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


ПСЖ и Монако вчера постигнаа договор за трансфер на 18-годишниот напаѓач кој ќе „тежи“ 180 милиони евра. За да ги избегне санкциите од УЕФА за финансиски фер-плеј „светците“ ќе го донесат Мбапе на едногодишна позајмица, а сумата ќе биде исплатена следното лето.

Според француските медиуми официјализацијата на трансферот се очекува уште денес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Капело: Гатузо не треба веднаш да замине

По неуспехот на Италија да се квалификува на Светското првенство по трет пат по ред, се оч…