Килијан Мбапе ги одбива богатите понуди на Пари Сент Жермен бидејќи на лето сака да се пресели во Реал Мадрид.
Како што е познато ПСЖ и Мбапе веќе подолго време се во преговори за продолжување на договорот кој му истекува во 2022 година.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Мбапе на лето ќе влезе во последната година од договорот и ако не стави потпис на нов договор најверојатно ќе биде продаден. Наводно негова желба е да се пресели во Реал Мадрид, па поради тоа ги одбива понудите на ПСЖ.
Наводно Мбапе три пати ги одбивал понудите на ПСЖ, а последната била од 25 милиони плус бонуси до 2026 година.
Се верува дека Реал не може да му понуди толкава плата, но желбата на Французинот е да се пресели на „Сантиаго Бернабеу“.