Maрк Селби трет пат во својот живот направи максимален брејк.
На турнирот „Champion of Champions“ против Нил Робертсон направи максимални 147 поени за водство од 1:0.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Мајсторот од Лестер ги воодушеви сите присутни со тој брејк кој траеше малку повеќе од десет минути.
Интересно е што ова е првиот максимален брејк забележан на овој турнир.
„Champion of Champions“ е професионален, нерангиран турнир во снукер на кои играат 16-те најдобри играчи поделени во четири групи. Првиот турнир е одигран во 1978 година.
https://youtu.be/cUvm5367drI