Дома Останати Мајк Тајсон одбил 18 милиони долари за неверојатна борба

Мајк Тајсон одбил 18 милиони долари за неверојатна борба

Maјк Тајсон одби 18 милиони долари за меч против ММА легендата Вандерлеи Силва.

„Ајрон Мајк“ имал понуда од 18 милиони долари за да влезе во рингот без ракавици против Силва, но таа понуда Тајсон ја одбил.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


За бразилските медиуми тоа го потврди неговиот тренер Рафаел Кордеиро.

„Тајсон се припрема за бокс меч во ракавици“, кратко порача тренерот на легендарниот боксер.

Мајк претходно најавуваше дека наскоро ќе се дознае името на неговиот противник. Најголеми се очекувањата тоа да биде Евандер Холифилд, меѓутоа засега ништо не е потврдено.

Она што е сосема јасно е дека со кој и да се бори мечот на Тајсон ќе биде од егзибиционен карактер и нема професионално да се врати во боксот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Најдобрата скијачка на светот беше оперирана откако падна и ја скрши ногата

Италијанката Федерика Брињоне (34) беше оперирана во Милано откако ја скрши ногата при пад…