Прославениот англиски фудбалер, Мајкл Овен веќе покажа дека е добар и во своето ново хоби.
Мајкл Овен учествуваше на хуманитарниот натпревар во јавање коњи во Аскота, а на истиот го освои и второто место.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Овен јаваше „Calder Prince“, а пред него заврши само Том Четфајлд-Робертс.
„Тој е дијамант помеѓу коњите, воодушевен сум од своето ново искуство“, изјави Овен за својот миленик.
„Кога ги гледате трките со коњи на телевизија се изгледа лесно, но воопшто не е така. Сега се чуствувам безбедно, а ако се земе предвид дека до пред шест месеци никогаш не сум јавал во мојот живот, презадоволен сум. Во текот на моите тренинзи три пати паднав и во тие моменти си помислив што воопшто правам. Во прашање се брзи и опасни животни, па поради тоа не смеете да биде несериозни. Ако имате страст и желба, секоја капка пот и паѓање навистина вреди“, изјави Овен.
"I've made a start, and I feel safe on a horse."
Michael Owen has had his first taste of life as a jockey
?? https://t.co/sNklHsXBRr pic.twitter.com/vcYlyAenss— BBC Sport (@BBCSport) November 24, 2017