Дома Фудбал Англија Мајкл Овен го прогнозира точниот резултат на најголемиот натпревар на Островот

Мајкл Овен го прогнозира точниот резултат на најголемиот натпревар на Островот

Утре во 17:00 часот на „Енфилд“ се игра најголемото англиско дерби помеѓу Ливерпул и Манчестер Јунајтед.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во фудбалскиот свет сосема добро е познато какво ривалство владее помеѓу овие два клуба и колку за навивачите значи победата против лутиот ривал.

Поранешниот англиски фудбалер, Мајкл Овен е еден од ретките играчи кои имале можност да играат и во двата табори. Овен на почетокот на кариерата настапуваше за Ливерпул, а во финишот го облече дресот и на „црвените ѓаволи“.

Денес Овен е активен во медиумите и често излегува со изјави за актуелните случувања, а сега го прогнозираше исходот на дербито и тоа со конечен резултат.

Овен смета дека ова дерби ќе заврши со победа на Ливерпул со резултат 2:1.

https://www.youtube.com/watch?v=-o2vWlhTqEU

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Силекс го распродаде стадионот за натпреварот со Динамо Минск!

Фудбалерите на Силекс ќе имаат максимална поддршка од трибините на реваншот против Динамо …