Дома Фудбал Репрезентации Мајката на Паје разочарана: Дешам не го извести, син ми дозна преку ТВ – селекторот брзо се оправда!

Мајката на Паје разочарана: Дешам не го извести, син ми дозна преку ТВ – селекторот брзо се оправда!

Фудбалерот на ПСЖ денес крена голема прашина во француската јавност. Имено, откако не се најде на списокот патници во Русија, доби место на списокот резерви и не беше посебно воодушевен.

Покрај Рабиот во „Б“ екипата се најдоа Александар Лаказет и Ентони Марсијал, а од друга страна целосно изоставен беше Димитри Паје.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Тоа секако беше големо изненадување за сите љубители на фудбалот во Франција, со оглед на тоа што предводникот на Марсеј е веројатно најголемиот фудбалски мајстор кој Франција го има во овој момент.

Паје беше еден од клучните играчи на Франција на Европското првенство во 2016 година, а оваа година својот Марсеј го одведе до финалето во Лигата на Европа.

Револтирана од одлуката на Паје беше и мајката на фудбалерот која денес се огласи во јавноста и откри дека Дешам претходно не го известил Паје.

„Не, не го извести. Дозна преку ТВ како и останатите, додека беше со семејството“, порача мајката на фудбалерот.

Набрзо следуваше и одговор од Дешам.

„Морав да ја соопштам листата од 23 имиња, имав и уште многу обврски, а немав многу време и за несреќа на Димитри не стигнав да му ја соопштам одлуката“, кратко порача селекторот на Франција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Хит напаѓачот на Реал дозна каква иднина го чека. Одлуката е донесена.

РЕАЛ МАДРИД ќе игра во полуфиналето на Светското клупско првенство, а за тоа големи заслуг…