Манчестер Јунајтед можеби привремено, но влезе во топ 4!
Во рамките од 26-тото коло во Премиер лигата на стадионот „Кревен Котиџ“, Манчестер Јунајтед го победи Фулам со 0:3.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Се играше 14-тата минута кога „црвените ѓаволи“ стигнаа до предност, Пол Погба избегна офсајд и го искористи додавањето од Марсијал. Само девет минути подоцна, Марсијал изведе фантастичен соло продор и го матираше Рико 2:0.
До крајот на првото полувреме не видовме погодоци, но доминираше Јунајтед.
Во продолжение после неколку обиди на гостите, Ле Маршан го сруши Мата во казнетиот простор и судијата покажа на белата точка.
Одговорноста ја превзема Погба кој погоди за 3:0. Резултат кој се покажа и како конечен.
Манчестер Јунајтед барем на кратко со оваа победа ќе биде на четвртата позиција на табелата со 51 освоен бод. Фулам ќе остане претпоследен со 17.
За Солскјер ова беше 10-та победа во 11-тиот натпревар (реми против Барнли 2:2).
This Pogba's goal is giving me life.. how did he do that? Wow!! What a virus! pic.twitter.com/LEHzVLSVxj
— Amaka (@maxorganiks) February 9, 2019
He came from France. Media said he has no chance. 50 million down the drain. Tony martial scores again. pic.twitter.com/4BVjvHMPyx
— Babaca (@RealBabaca_) February 9, 2019