Според она што може да се прочита во италијанските медиуми, Јувентус денес ќе добие нов тренер.
Клубот од Торино ќе го превземе досегашниот тренер на Челзи, Маурицио Сари кој на клупата на шампионот на Италија ќе го наследи Масимилијано Алегри.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Преговорите помеѓу Јувентус и Челзи завршиле успешно. Лондонскиот клуб ќе го ослободи Сари од менаџерската должност за сума од пет милиони фунти.
Се очекува денес 60 годишниот стратег да биде именуван за нов тренер Јувентус и тоа ќе му биде најголемиот предизвик во кариерата.
Сари имаше добра сезона во Челзи. Заврши како трети во првенството зад недостижните Манчестер Сити и Ливерпул, играше финале во Лига Купот и ја освои Лигата на Европа.
Меѓутоа предизвикот во Јувентус не можел да го одбие. Сари ќе има прилика да освојува трофеи во Италија, нешто што не можеше со Наполи пред да премине во Челзи.
Тој во очите на навивачите на клубот од Неапол сигурно ќе биде предавник, но Јувентус едноставно е тешко да се одбие.
Трофејот во Лигата на Европа од оваа сезона за Сари е најголем успех во неговата кариера.
Јувентус претходно многу се поврзуваше и со Гвардиола, но сепак навивачите ќе мораат да се задоволат со Маурицио Сари.