Дома Фудбал Англија Матиќ призна дека атмосферата во соблекувалната на Јунајтед не е добра

Матиќ призна дека атмосферата во соблекувалната на Јунајтед не е добра

Играчот за врска на Манчестер Јунајтед, Немања Матиќ призна дека атмосферата во соблекувалната не е добра.

Поради резултатите на тимот и шестата позиција на табелата, атмосферата е нарушена во соблекувалната на „црвените ѓаволи“.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Атмосферата зависи од резултатите. Се разбира кога ќе остварите добар резултат, тогаш атмосферата е во ред и сите се среќни. Но како што знаете, ситуацијата не ни е најдобра на табелата, па затоа и атмосферата не е баш фантастична во соблекувалната“.

„Но мора да останеме позитивни и да веруваме до крај дека можеме до четвртото место. Атмосферата ќе зависи токму од тоа, доколку сме во првите 4, ќе биде добро, но доколку не, ќе биде многу тажно“, изјави Матиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Арбелоа започна со работа во Реал, а за дебито повика петмина фудбалери од академијата

Алваро Арбелоа, во своето прво именување како нов тренер на Реал Мадрид, одлучи за дуелот …