Дома Фудбал Лига на шампиони Матеус: Ливерпул може да ја освои Лигата на шампиони

Матеус: Ливерпул може да ја освои Лигата на шампиони

Легендата на германскиот фудбал, Лотар Матеус смета дека Ливерпул на Јирген Клоп може да ја освои Лигата на Шампионите уште оваа сезона, но само доколку се подобри играта во одбраната.

Покрај тоа, тимот веќе покажа дека може да се справи со Манчестер Сити, кој е противник на Ливерпул во четвртфиналето.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Ливерпул не се плаши да игра против Манчестер Сити. Пред неколку недели го покажаа тоа. Тие се добри во нападот, а и веќе работат доста добро во одбраната. Тоа е клучот за освојување на трофеи“, изјави Матеус.

Клоп врши многу добра работа. Од самиот почеток бев сигурен дека партнерството меѓу него и Ливерпул ќе биде плодно. Резултатите се добри, играта е добра, а и тој ги донесе правилните играчи. За мене тоа е тим кој може да ја освои лигата на Шампионите уште оваа сезона“, смета Матеус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

На „Енфилд“ му е „забранет влез“ поради Жота, а тој првпат се изјасни: „Сето ова е толку сурово“

Луис Дијаз во дебито за Баерн успеа да се запише на листата стрелци, а голот го прослави в…