Дома Фудбал Останато Марсело: Нејмар е подобар од Азар, Реал треба да направи се за да го доведе

Марсело: Нејмар е подобар од Азар, Реал треба да направи се за да го доведе

Во сезоната која следи Марсело во Реал ќе биде соиграч со Еден Азар.

Азар ова лето после најавите долго време пристигна во Реал Мадрид и така ја исполни својата желба. Сепак, покрај тоа што Азар ќе игра во ист тим со Марсело, бразилскиот фудбалер нема проблем отворено да зборува дека Нејмар е подобар играч од Белгиецот.


Чекаме казна за Даку! (ја дочекавме) ↓↓↓


Марсело во изјавата за „Марка“ јасно му даде предност на својот сонародник.

„Азар е топ играч и игра на највисоко ниво. Додека Нејмар, е помеѓу најдобрите пет фудбалери во светот и двајцата се одлични, меѓутоа јас немам дилеми, Нејмар е подобар“, изјави Марсело, а потоа го образложи своето мислење.

„Зборуваме за непредвидлив играч. Дидеја се поставуваш во одбрана против него, тој веќе смислил друга идеја од која немаш можност да се одбраниш. Би бил навистина среќен ако го имаме во Реал. Минатото со Барселона не е проблем, клубот треба да направи се за да го доведе“, порача бразилскиот фудбалер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Саудијците го купуваат осумкратниот француски шампион и го крадат клучниот човек на ПСЖ?!

Во францускиот фудбал одекна вест дека фудбалскиот клуб Монако ќе добие нови сопственици и…