Дома Трансфер зона Марсело донесе конечна одлука за својата иднина!

Марсело донесе конечна одлука за својата иднина!

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Марсело донел конечна одлука за својата иднина и решил да остане на „Сантиаго Бернабеу“, пренесуваат шпанските медиуми.

Откако Зидан се врати на клупата на „кралевите“, Марсело ги промени плановите и му соопштил на раководството дека сака да остане во Мадрид.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Марсело имаше многу лоша сезона со претходните двајца тренери и го загуби местото во стартниот тим, па се погласни беа шпекулациите дека ќе го напушти Реал Мадрид.

„Марка“ пренесува дека и покрај останувањето на Бразилецот, од Реал имаат намера да донесат уште еден лев бек ова лето кој ќе биде алтернатива за Марсело.

Прва цел на Зинедин Зидан за таа позиција е левиот бек на Лион, Ферлан Менди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Алфонсо Дејвис доаѓа во Мадрид како Мбапе

Реал Мадрид постигнал договор со дефанзивецот на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис, пренесуваат…