
Искусниот аргентински тренер, Марсело Биелса е блиску до враќање во Атлетик Билбао, објавија шпанските и англиските медиуми.




Познатиот стручњак седеше на клупата на баскискиот тим од 2011 до 2013 година и беше творец на една од најдобрите сезони во историјата на клубот од стадионот „Сан Мамес“.




Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Билбао со Биелса на клупата во 2012 година стигна до финалето на Лига Европа, во кое беа поразени од Атлетико Мадрид со 3:0, додека со идентичен резултат загубија од Барселона во финалето на Кралскиот куп.




Атлетик Билбао го очекуваат претседателските избори на 24 јули, а од тоа ќе зависи дали Аргентинецот ќе се врати на клупата на тимот, кој заедно со Реал Мадрид и Барселона никогаш не испаднал од елитните ранг на шпанскиот фудбал.




Биелса без ангажман е од прекинот на соработката со Лидс каде што бележеше лоши резултати во последната сезона.




Покрај Лидс и Атлетик Билбао, Аргентинецот ги предводеше и Њуелс Олд Бојс, Атлас, Америка, Велез Сарсфилд, Еспањол, Марсеј, Лацио, Лил, како и репрезентациите на Аргентина и Чиле.