Дома Фудбал Англија Марсело Биелса пред враќање во Премиер лигата?

Марсело Биелса пред враќање во Премиер лигата?

Aргентинскиот стратег Марсело Биелса според последните најави ќе се врати во англиската Премиер лигата откако влегол во завршни преговори за преземање на Борнмут.

Во најсилната англиска конкуренција популарниот „Лудак“ работеше до февруари оваа година кога си замина од Лидс. „Атлетик“ објави дека Бил Фоли кој наскоро ќе стане нов сопственик на Борнмут е главен заговорник за ангажман на 67-годишниот стратег.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бормут го отпушти Скот Паркер, а од тогаш клубот го води Гери O’Нил како привремено решение, меѓутоа тој успеа до некаде да ја стабилизира екипата и да излезе од зоната на испаѓање.

Ќе потсетиме, Биелса во Лидс соработуваше и со македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски додека Џани не замина за Саудиска Арабија од каде што после една сезона се врати во Европа во Фенербахче.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…