Долги години Интер се обидуваше да му се спротистави на Јувентус, но од зборови не можеше да премина дела. Со доаѓањето на Бепе Марота како клучна фигура во Интер, работите станаа лични.
Марота во Јувентус се докажа како еден од најспособните оперативци на денешницата и заедно со Антонио Конте беше најзаслужен за враќањето на Јувентус на победничките патеки и токму тие двајца ги поставија темелите на она што подоцна го продолжи Алегри кој денес го остави во рацете на Сари.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Со некои потези Марота веќе му фрли влице ракавицата на Јувентус и му застана на патот. Најголемата победа ја однесе со доведувањето на Ромелу Лукаку кого Јувентус исто така го посакуваше.
Не е тајна дека Јувентус го сака Икарди и дека се надева на негово доведување во финишот од преодниот рок. Не и тајна дека Икарди сака трансфер во Јувентус. Но исто така Марота прави се за да не заврши Икарди во Јувентус.
Со исфрлувањето од тимот цената на Икарди падна бидејќи сите заинтересирани клубови знаат дека Интер мора да го продаде. Сепак Марота за Јувентус одредил цена од 90 милиони евра, тоа е цена само за Јувентус за останатите – 60 милиони евра!
Но тоа не е се Марота ќе го пушти Икарди за таа сума ако во договорт клубот кој ќе го доведе стави „антиЈуве“ клазула. Тоа значи дека Аргентинецот не ќе може од тој клуб во иднина да биде продаден во Јувентус.
Како што стојат работите единствената шанса Јувентус да дојде до Икарди е да го понуди Паоло Дибала за кого Интер покажуваше интерес. Меѓутоа на тој начин во Торино би го признале поразот во преговорите со Марота.
Ситуацијата не може уште долго да остане мирна како што е сега преодниот рок во Италија завршува за осум дена и работите наскоро ќе мораат да бидат решени, па останува да видиме што ќе се случува.