Дома Фудбал Италија Марота се огласи: Ставен е крај на сите шпекулации за едно од најважните прашања во Интер!

Марота се огласи: Ставен е крај на сите шпекулации за едно од најважните прашања во Интер!

Во редовите на Интер немаат дилеми за тоа кој ќе го води миланскиот клуб во следната сезона, иако во медиумите на големо се пишува на оваа тема.

Во последните недели многу се шпекулираше за тоа дека Лучијано Спалети би можел да ја напушти „Џузепе Меаца“, а на негово место да пристигне некој нов стратег. Најмногу во тој контекс се споменуваа Жозе Мурињо и Антонио Конте. Меѓутоа сега е јасно дека ниту еден од споменатите двајца нема да седне на тренерското столче на клупата на Интер бидејќи Конте нема да си замине.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ако судиме според изјавата на Џузепе Мерота за италијанските медиуми, Лучијано Спалети со сигурност ќе биде тренер на Интер и во наредната сезона.

„Дали знаеме кој ќе биде наш тренер следната сезона? Да, знаеме. Тоа ќе биде Спалети. Имаме договор со него и задоволни сме од тоа како тимот напредува“, изјави Марота.

Спалети на кормилото на Интер пристигна во летото 2017 година откако претходно ја водеше Рома. Ќе потсетиме пред неколку недели раководството на италијанскиот клуб му даде нов договор на Спалети.

„Нероаѕурите“ под водство на Спалети во овој момент се наоѓаат на третата позиција во Серија А и се на чекор да изборат место во Лигата на шампионите наредната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…