Дома Трансфер зона Марота потврди: Фокусирани сме на Дибала и Лукаку!

Марота потврди: Фокусирани сме на Дибала и Лукаку!

Спортскиот директор на Интер, Бепе Марота отворено зборуваше за најавените трансфери на Паоло Дибала и Ромелу Лукаку.

Дибала е многу поблиску и овој трансфер според најголем дел од италијнските медиуми е скоро договорен, во таква насока е тргната и ситуацијата со Лукаку. Марота во изјава за медиумите потврди дека се водат преговори и дека двајцата напаѓачи се едни од главните цели на Интер за ова лето.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


„Има контакт и преговараме. Со директорот Пјеро Аусилио имаме должност да изградиме тим кој ќе биде конкурентен, но мораме да ги почитуваме и финанските правила. Да, патеката до Лукаку е проодна, но треба да видиме дали може се да дефинирме“

„Тој и Дибала се нашите цели на кои сме фокусирани. Но, како што кажав мораме да ја процениме финансиските ситуација, не смееме да правиме непромислени потези“, изјави Марота за „Раи“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…