Генералниот директор на Интер, Бепе Марота повторно ја коментираше ситуацијата со иднината на Милан Скриниар.
Договорот на Скриниар истекува на крајот на сезоната и тој уште сега е слободен да преговара со заинтересираните клубови.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Интер во летото одби 55 милиони евра од ПСЖ за дефанзивецот, но преговорите за продолжување на соработката не напредуваат.
Марота беше реален и индиректно потврди дека Интер може да го загуби дефанзивецот без обештетување.
„Тоа е нормално во фудбалот, другите клубови се обидуваат да ја искористат ситуацијата. Ние преговараме со неговите агенти, бидејќи сакаме Милан да биде дел од нашиот тим и во иднина. Презенитаравме понуда и се надеваме наскоро да има одговор. Ја обично сум оптимист, но сега морам да бидам и реалист. Ќе направиме се што можеме, но не можеме да го направиме невозможното“, изјави Марота.
Интер му нуди нов договор на Скриниар тежок 6 милиони евра по сезона, а ПСЖ и клубовите од Премиер лигата се спремни да понудат плата од 10 милиони евра.