Натпреварот во финалето на Лигата на шампионите беше последен за Марко Ројс во дресот на Борусија Дортмунд.
Германскиот фудбалер не се збогуваше со најголемиот трофеј што може да се освои во клупскиот фудбал, а сега е во потрага по нов клуб каде што можеби и ќе ја заврши кариерата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ројс има повеќе понуди, а очекувањата се да не продолжи во Европа.
Северноамериканските клубови и клубови од Саудиска Арабија се обидуваат да го доведат овој искусен фудбалер, а според информациите најблиску е Лос Анџелес Галакси.
Клуб кој има доста солидни резултати оваа сезона, каде Дејан Јовељиќ е еден од подобрите играчи и најдобар стрелец на тимот, би можел да добие големо засилување.
Понудата до Ројс била претставена и сега се чека неговиот одговор.