Дефанзивецот Маркињос и играчот за врска Марко Верати се едни од најдобрите млади фудбалери во светот, па поради тоа често се шпекулира дека можат да го напуштат ПСЖ.
Маркињос, а особено Верати се наоѓа на радарот на најголемите европски клубови, па медиумите тврдат дека ПСЖ може да остане без двајцата ова лето.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Поради тоа и двајцата проговорија за својата иднина, па ако им се верува на нивните зборови нивната иднина и понатаму ќе биде во Париз.
„Мојата иднина? Ќе бидам овде и следната сезона да ја освојам титулата“, изјави Маркињос.
„Да, имам договор со ПСЖ и ќе останам овде бидејќи ми се допаѓа Париз, а и проектот кој го има клубот“, изјави Веарти.
ПСЖ оваа сезона остана без титулата во Франција, доживеа шокантна елиминација од ЛШ, па сигурно ова лето ќе има промени во играчкиот кадар.