Иако Барселона победи на гостувањето кај Гетафе во клубот и понатаму владее хаос, пишува „Марка“.
Во Барселона изгледа нема недела во која нема да се појави некој проблем, а последниот се појави саботата. Пике испрати јасна порака изјавувајќи дека управата може да се послужи со други средства за комуникација, иако не потенцираше за што точно се работи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Кога двајца не сакаат да се скараат тогаш нема ниту расправа. Го познаваме клубот, знаеме какви се односите со медиумите и знаеме кој ги пишува текстовите и кога не се потпишани. Не сакаме да се расправаме затоа што сакаме да бидеме подобри на теренот. Не сакаме некој да предизвикува проблеми кои не се случиле“, изјави Пике.
Проблем Нејмар.
Сепак тоа не е првиот проблем кој и се случи на Барселона. Летото клубот сакаше да го доведе Нејмар, а сите случувања поврзани со евентуалниот трансфер се следеа од час во час. Нејмар на крајот не пристигна, дополнително и Меси е повреден, па тоа е само уште еден проблем.
Незавршената работа со Нејмар создаде проблем на два начини, пред се затоа што играч од таква класа не е доведен. Второ, можеби и полошо е што играчите кои беа нудени како „кусур“ знаат дека на нив не се смета премногу и покажуваат незадоволство.
Еден од тие играчи е и Ракитиќ кој одигра голем број минути во првите две сезони на Валверде. Во оваа во главно е на клупата и влегува во второто полувреме и тоа изгледа нема да се промени.
И тоа не е се.
Има уште многу потешкотии кои придонесуваат за нестабилност на тимот. Дембеле не замина, а оваа сезона само во седум кола доживеа две повреди. Освен тоа се пишува и за неспортскиот живот на Артур кој на теренот се уште не го покажал она што се очекува од него.
Накратко, нестабилноста на управата, приватниот живот на играчите, доаѓањата, недоаѓањата и се останато не се проблеми кои една гостинска победа може да ги реши.