Дома Трансфер зона „Марка“ тврди: Барселона до крајот на преодниот рок ќе потроши уште 57 милиони евра

„Марка“ тврди: Барселона до крајот на преодниот рок ќе потроши уште 57 милиони евра

Барселона во овој преоден рок досега потроши 153 милиони евра на нови играчи, но според „Марка“ Каталонците се уште не го затвориле преодниот рок.

Ова лето Барселона ги купи Рафиња, Кунде и Левандовски, а како слободни играчи пристигнаа Кеси и Кристенсен. „Марка“ сега пренесува дека Барселона за нови играчи во буџетот има на располагање уште 57 милиони евра и ќе се обиде да ги потроши на посакуваните играчи.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


„На десната бековска позиција Барселона сака да доведе некого од Хуан Фојт, Томас Муниер и Хектор Белерин, додека за левата страна желби се Маркос Алонсо или Чави Галан. Ќе дојде и напаѓач ако заминат Обамејанг и Депај. Најголема желба на Чави беше Бернардо Силва, но него Манчестер Сити нема да го продаде“, пишува „Марка“.

Но, Барселона и понатаму има проблеми со регистрацијата на евентуално нови играчи бидејќи за нив нема место. Мораа Каталонците да изведат неколку маневри за да го регистрираат Кунде. Ако Обамејанг замине тогаш веројатно би имало простор да се регистрираат лев и десен бек.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал тргнува по дефанзивец на Тотенхем

Реал Мадрид сака да ја засили одбраната во зимскиот преоден рок, а најново име на списокот…