Дома Трансфер зона „Марка“ со помош на вештачка интелигенција му предложи пет засилувања на Реал

„Марка“ со помош на вештачка интелигенција му предложи пет засилувања на Реал

Реномираната шпанска „Марка“ објави листа од петмина дефанзивци кои најдобро би му одговарале на Реал Мадрид.

Од „Марка“ во соработка со фирмата „Оlocip“ која се служи со вештачка интелигенција заклучи дека најдобро за Реал е да бара засилувања во срцето на одбраната затоа што резервните стопери Начо и Валехо се најслабо оценети играчи во тимот.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Нашиот модел врши квалитетна анализа која нас ни овозможува да дознаеме какво влијание би имал одреден играч на тимот. За да ги избереме најдобрите опции филтрирарвме стопери од повеќе од 50 натпреварувања кои се помлади од 28 години и кои веќе имаат одиграно 500 минути оваа сезона“, објавија од „Марка“.

На крајот во „Марка“ дојдоа до следните пет имиња: Жилс Кунде (Севиља), Маркос Сенеси (Феенорд), Пау Торес (Виљареал), Мануел Аканџи (Борусија Дортмунд) и Свен Ботман (Лил).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…