Иднината на Лионел Меси е главна тама во спортските медиуми веќе подолго време, бидејќи неговиот договор со Барселона истекува на крајот на сезоната.
Постојат многу шпекулации за неговата иднина, а „Марка“ денес излезе со ексклузивна информација пишува дека Лионел Меси е најблиску до останување во Барселона и по истекот на договорот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Меси се уште не донел конечна одлука и веројатно го чека исходот од претседателските избори во клубот.
„Контактиравме блиски луѓе до Меси, а тие ни го кажаа истото. До пред неколку месеци поблиску била опцијата да замине, но сега ситуацијата се променила“, пишува „Марка“.
„Меси е разочаран затоа што управата на ПСЖ зборува дека ќе го донесе. Причина е тоа што никогаш не бил во контакт со нив, а ги одбил сите менаџери кои пристигнале со понуди од другите тимови. Неговиот татко во моментов нема никакви преговори со било која екипа“, додава медиумот.