Дома Трансфер зона „Марка“: Ливерпул тргнува по потписот на Матео Ковачиќ

„Марка“: Ливерпул тргнува по потписот на Матео Ковачиќ

kovacic

Според информациите на „Марка“, Ливерпул во наредниот период би можел да се обиде да го ангажира Хрватот, Матео Ковачиќ од Реал Мадрид.

Наводно, после 75 милиони евра за голманот Алисон, Ливерпул повторно би можел да вложи голема сума.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ковачиќ нема баш најсигурен статус во таборот на „кралевите“. Минатата сезона под водство на Зидан беше во втор план, а нема најави дека Лопатеги нешто би можел да промени.

Хрватот веројатно е свесен дека најдобро за неговата кариера би било да ја промени средината, а напаѓачкиот стил кој го негува Јирген Клоп би можел и тоа како да помогне на креативен играч од средниот ред каков што е Хрватот.

Ќе потсетиме, уште пред Мундијалот за Ковачиќ интерес покажуваше и италијанскиот шампион Јувентус, но немаше ништо конкретно.

Клоп веќе го има Ловрен, па со оглед на интересот од Ливерпул и за Домагој Вида за очекување е дека Дејан Ловрен на „Енфилд“ ќе добие барем еден негов сонародник.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…