Дома Трансфер зона „Марка“: Ковачиќ разговарал со Лопатеги и донел одлука

„Марка“: Ковачиќ разговарал со Лопатеги и донел одлука

kovacic

Играчот за врска на хрватската фудбалска репрезентација, Матео Ковачиќ не се откажува од своето заминување од редовите на европскиот шампион, Реал Мадрид.

Ковачиќ за време на Светското првенство во разговор за „Марка“ порача дека сака да ги напушти „кралевите“ со цел во новиот клуб да добие статус на првотимец.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Во Мадрид и клубот ми е навистина убаво, но сакам да бидам првотимец. Најмногу од се сакам да бидам на теренот. Меѓутоа, бидејќи немам прилика да играм често во Реал, не сум стартер ниту во репрезентацијата“, порача тогаш Ковачиќ.

Својата одлука Хрватот изгледа не ја променил ниту по враќањето и разговорот со новиот тренер Јулијен Лопатеги. Шпанските медиуми наведуваат дека Ковачиќ и Лопатеги се сретнале во тренинг кампот на Реал.

Се пишува дкеа нивниот разговор бил пријатен, но не предолг. Лопатеги наводно се обидел да го убеди 24 годишниот играч да остане во Реал, но изгледа не успеал.

Ковачиќ во Реал пристигна во 2015 година од Интер во трансфер вреден 29 милиони евра. На „Сантиаго Бернабеу“ освои девет трофеи, една титула во Лигата на шампионите и едно шпанско првенство, собирајќи вкупно 109 настапи. Меѓутоа покрај Лука Модриќ, Тони Крос и Касемиро не успеа да се избори за првотимски статус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…