Славната и реномирана „Марка“ која важи за медиум наклонет на Реал Мадрид спроведе анкета која даде изненадувачки резулати.
Имено, читателите на „Марка“ во анкета го избираа најдобриот фудбалер за 2017 година.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Иако Кристиано Роналдо во 2017 година стигна до Златната топка и ФИФА наградата за најдобар фудбалер на годината за читателите на шпанскиот весник тоа не беше доволно.
Лионел Меси во оваа анкета беше избран за најдобар фудбалер и тоа со убедлива предност во однос на својот голем ривал, Роналдо. Во гласањето во кое учествуваа 63.000 читатели, Меси собра 56% од гласовите, а Роналдо само 25. Иско стигна до третото место со 6%, додека Лука Модриќ и Хари Кејн го делат четвртото место со по 3%.
„Тешко е во неколку зборови да се објасни играта на Меси во минатата година. Во 2017 година тој ја освои својата четврта Златна копачка со 37 постигнати погодоци во шпанското првенство, сезоната ја заврши со 54 погодоци и 19 асистенции, а оваа сезона повторно е на пат да соборува нови рекорди“, стои во образложението на „Марка“.
Los usuarios coronan a Leo Messi como el mejor futbolista de 2017 por delante de Cristiano Ronaldo https://t.co/q3TLF8mngC #Los100deMARCA
— MARCA (@marca) January 1, 2018
Dejen de joder….el mejor es CR7…..dicho x los medios especializados.
No es un concurso de simpatias…..como les duele aceptarlo.— Esteban Francisco (@estfrm57) January 1, 2018