Дома Фудбал Марка: Зидан во Реал до 2020!

Марка: Зидан во Реал до 2020!

Шпанската „Марка“ објави дека челниците на Реал Мадрид му понудиле нов договор на Зинедин Зидан.

Французинот го превзема Реал Мадрид во јануари 2016 гофина и со клубот од тогаш ја освои Лигата на шампионите, а на добар пат е оваа сезона да стигне и до трофејот во Примера. На „Сантијаго Бернабеу“ се повеќе од задоволни од неговата работа и сакаат да соработуваат и во иднина.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Марка“ тврди дека на Зидан му е понуден нов договор со важност до 2020 година, без оглед како Реал ќе ја заврши сезоната, а продолжувањето на соработката веројатно нема да биде официјализирано пред финалето во Лигата на шампионите.

Зидан од управата на „кралевите“ доби време да размисли и има можност да потпише договор кога ќе посака.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Познато кога Влаховиќ ќе потпише нов договор!

Иако италијанските новинари веќе некое време го „селеа“ Душан Влаховиќ од Јувентус, во тек…