Британскиот тенисер Енди Мареј беше елиминиран во второто коло на Мастерсот во Индијан Велс од петтиот играч во светот, Андреј Рубљов со 2:0 во сетови (7:6 и 6:1).
Резултатот до некаде беше и очекуван, а често пати новинарите го прашуваат Британеот за неговиот крај на кариерата и тоа сега го налути.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Се чувствувам како никој да не ме слуша. Мислам дека планирам да завршам на лето. Не знам што повеќе можам, не знам што уште треба да кажам. Ме прашуваат за тоа 18 месеци или така нешто. Очигледно е дека размислувам на тоа, но не сум донел одлука. Како никој да не слуша што зборувам, не разбирам зошто цело време ме прашувате да бидам искрен“, изјави Мареј.
На крајот истакна дека повеќе на таа тема нема да зборува се до моментот кога ќе ја соопшти одлуката.
„Нема да зборувам повеќе за тоа се до моментот кога ќе одлучам да престанам“, заврши Мареј.