Ријад Марез во зимскиот преоден рок беше блиску до трансфер во Манчестер Сити, а англиските медиуми тврдат дека Гвардиола не се откажува од алжирскиот репрезентативец.
Трансферот на Марез во јануари пропадна и тогаш тој одби да тренира со клубот во знак на протест зошто не му дозволиле да се пресели на „Етихад“.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Како што пренесуваат медиумите на Островот трансферот сепак ќе биде реализиран ова лето и „граѓаните“ веќе работат на тоа.
Наводно „лисиците“ се спремни да ја пуштат својата ѕвезда за сума од неверојатни 75 милиони фунти.
Manchester City are closing in on a £75m deal to sign Leicester's Riyad Mahrez. (Source: Mail on Sunday) pic.twitter.com/UO3mJHP17M
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) May 27, 2018