Алжирецот Ријад Марез минатата година ќе ја памети цел живот, бидејќи ја освои титулата во Премиер лигата и беше прогласен за најдобар фудбалер во Англија.
Минатото лето и покрај многуте богати понуди кои ги имаше, Марез се одлучи да остане во Лестер и потпиша нов договор, но оваа сезона се вклопи во сивилото и одигра просечна сезона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Англиските медиуми тврдат дека Алжирецот веќе донел одлука и ова лето ќе ја промени средината, а интерес за него покажуваат неколку гиганти од Англија и Европа.
Најсилен интерес во Премиер лигата покажува Арсенал, додека од европските клубови како најизгледна дестинација се споменува ПСЖ.
Неговата цена минатото лето изнесуваше околу 50 милиони евра, додека медиумите тврдат дека ова лето „лисиците“ ќе можат да заработат најмногу 35 милиони евра на неговото заминување.